Летото е најкреативниот период, иако повеќето луѓе се на одмор. Децата уживаат безгрижно и се најсреќни во близина на родителите, особено крај татковците и нивните вештини во возењето.
Објективот на WebOhrid го затекна капетанот на Охридската капетанија Горан Устијаноски како ужива со своите мали капетанчиња, возејќи крај каналот Студенчишта на неговата руска машинерија од минатиот век, поточно моделот ДНЕПР К-650 од времето на СССР.
WebOhrid