Победа на македонската „А“ футсал репрезентација во првиот контролен натревар против селекцијата на Босна и Херцеговина. Во спортската сала „Гемиџии“ во Велес играчите на Васко Скендеровски славеа со 4-2. Головите за нашата селекција ги постигнаа: Левевски, Мицевски и Петровиќ (два погодоци). Нашите момчиња со победа ги отворија подготвките за септемврискиот квалификациски циклус за СП во футсал.
Футсал репрезентацијата одиграа одлично и мотивирано. Без разлика што резултатот не беше во прв план двете селекци одиграа на високо ниво. Брзиот ритам донесе огромна динамика и голем број на шанси на двете страни. Квалитетна фудбалска претстава во која што неколкуте нови играчи во „ жолти црвениот“ дрес покажаа дека имаме одлична футсал перспектива.
„Секогаш мора да се биде задоволен кога ќе се слави победа над селекција со подобар рејтинг од нашиот.Радува тоа што новите репрезентивци се вклопија на вистински начин. Тие го прифатија нашиот стил на игра и многу помогнаа во остварувањето на позитивниот резултат. Оваа победа е од големо значење за подигнување на самодовербата пред натпреварите што следуваат“, – истакна селекторот на футсал селекцијата Васко Скендеровски.
Утре во спорската сала „Гемиџии“ со почеток во 20:00 часот двете селекции ќе одиграат уште еден натпревар.