Притворено лице од Србија за сторено казнено дело „Загрозување на сигурноста“

Поради постоење на основи на сомнение за сторено казнено дело „Загрозување на сигурноста“ СВР Охрид поднесе кривична пријава против Д.К.(39) од Зрењанин Република Србија. Него, истражен судија му одреди мерка притвор во траење од 8 дена.

Пријавениот, на втори овој месец околу 21 часот, насилно и без согласност влегол во домот на С.Ф. (35) од Охрид. Тој во нејзината соба започнал вербална расправија барајќи и пари и заканувајќи и се дека „ќе заврши во гепек“. 

Сега притворениот Д.К. грубо и насилно ја спречил оштетената да се јави во полиција во момент кога таа го зела мобилниот телефон. Тој ја фатил за рака, го одзел мобилниот телефон и го отфрлил на страна. Нејзиното викање за помош го слушнале нејзините домашни кои влегле во собата по што Д.П. избегал од станот.

Полициските службеници, Д.К.  го пронајдоа во ходник од зграда на улицата „Марко Цепенков“ каде неколку дена се сокривал кај негови пријатели.