Во вторник ќе биде промовиран романот „Светиот завет“ од Томислав Тунтев

На 15-ти октомври, вторник, во големата сала на Општина Охрид, со почеток во 19:00 часот свечено ќе биде промовиран романот „Светиот завет“ од Томислав Тунтев. 

Романот „Светиот завет“ претставува пишано сведоштво за луѓето што оставиле траен белег во животите на охриѓани, за судбините на охриѓани и за градот.

Промоцијата е продажна – единствена можност книгата да се набави по промотивна и популарна цена, половина од нејзината редовна продажна цена. Продажбата има хуманитарен карактер, дел од приходите се наменети во хуманитарни цели за Црвен крст.