Кривично дело разбојништво извршено е синоќа околу 21 часот во Кичево. Три засега непознати лица од кои еден имал маска на главата и бил вооружен со пиштол, а другите имале секири, влегле во домот на брачната двојка И.У.(66) и Е.У.(61) каде пребарувајќи низ спалната соба одзеле златни прстени и неколку други златни предмети.
Потоа, во соседната соба ја сретнале брачната двојка при што под закана со оружјето, на Е.У. и го одзеле златниот ланец кој го имала на себе.
Тројцата мошне брзо ја напуштиле куќата притоа заклучувајќи ја влезната врата од надворешната страна.
Полициската станица од Кичево, по извршениот криминалистичко-технички увид, презема интензивни мерки за пронаоѓање на сторителите на разбојништвото и целосно расветлување на казненото дело.