Едно лице го загуби животот при тешка сообраќајна незгода на магистралниот пат Кичево-Гостивар

Едно лице го загуби животот во тешката сообраќајна незгода што денес во 03 часот се случи на магистралниот пат Кичево-Гостивар во близина на подвозникот на излезот од градот.

Агрон С. (19) од кичевското село Поповјани  на лице место им подлегнаа на повредите додека Ј.Д. (24) од Кичево се здобил со  повреди и по укажаната лекарска помош е пуштен на домашно лекување.

Тешката сообраќајна незгода се случила во момент кога Ј.Д. управувајќи патничко моторно возило Застава“ со кичевски регистарски таблици, движејки се по магистралниот пат изгубил контрола над возилото и излетало надвор од коловозот и удрило во бетонска ограда од мост на десната страна од коловозната лента. Од силината на ударот, патничкото моторно возило се превртело на кровот и застанало на коловоз.   

По извршено алкотестирање кај Ј.Д. кој го управувал возилото „Застава“, утврдени се 1,01 промили алкохол во крвта. 

На местото на тешката сообраќајна незгода извршен е увид во присуство на истражен судија и јавен обвинител како и полициски екипи од полициската станица во Кичево.