Едно лице загина во сообраќајка на патот Кичево – Гостивар

Едно лице го загуби животот во тешката сообраќајна незгода што вчера во 14 часот и 25 минути се случи на магистралниот пат Кичево-Гостивар во близина на патот за селата Колибари и Длапкин Дол. Од здобиените повреди, во општата болница во Гостивар, починал Шеза Ј.(76) од селото Колибари, кој претходно во тешка здравствена состојба од местото на несреќата, со возило на Брза помош, бил префрлен во Општата болница во Кичево. Сообраќајната незгода се случила кога сега починатиот, управувајќи патничко моторно возило „Мерцедес“ со кичевски регистарски ознаки, сакал од локалниот пат од…

повеќе...

Гостиварец заработи кривична пријава поради тешка кражба и одземање моторно возило во Струга

Поради постоење основи на сомнение за сторени шест казнени дела „тешка кражба“ и едно дело „одземање моторно возило“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против Џ.И. (21) од Гостивар, лице кое се бараше со потерница за издржување казна затвор. Пријавениот, казнените дела ги сторил во текот на август и септември оваа година во Струга. Тој со употреба на погоден алат и прибор, насилно отворал прозори од куќи и деловни објекти низ Струга. На тој начин но и со кршење на стаклата од влезните врати, успеал да влезе во внатрешноста…

повеќе...

Едно лице го загуби животот во тешка сообраќајна незгода на патот Кичево – Гостивар

Едно лице го загуби животот во тешката сообраќајната незгода што рано утрово во 01 часот и 10 минути се случи на магистралниот пат Кичево-Гостивар во близина на селото Трапчин Дол. На лице место починал Шукри А.(60) од истото село. Сообраќајната незгода се случила во момент кога патничко моторно возило марка „Опел Астра“ движејќи се во правец Кичево-Гостивар, со предната лева страна го удрил сега починатиот Шукри А. кој се движел на магистралниот пат. Возилото „Опел Астра“ имало кичевски регистарски таблици а било управувано од А.С. (64) од кичевското село Букојчани.…

повеќе...

Финален список за Спортската гимназија во Гостивар и Охрид

ФФМ го објави конечниот список за Спортската гимназија – Фудбалска паралелка во Гостивар и финалниот список за Спортска гимназија – Фудбалска паралелка во Охрид. Напомена: Еден ученик од Кичево од селектирањето во Гостивар се запишува во паралелката во Охрид. ФИНАЛЕН СПИСОК Паралелка Гостивар 2015.pdf ФИНАЛЕН СПИСОК Паралелка Охрид 2015.pdf

повеќе...

СДСМ: Груевски нарачал пазар со ДУИ за законот за бранители

Претседателот на ОО СДСМ Гостивар, Благојче Трпески, денес одржа прес конференција, на која истакна: „Вистината за Македонија продолжува од Гостивар. Граѓаните на Гостивар, без разлика на својата етничка и верска припадност, се приклучуваат кон враќањето на слободата, демократијата и правдата во нашата држава. Денеска јавноста ќе слушне за злоупотребите на државните компании во Гостивар за партиските интереси на ВМРО-ДПМНЕ. Ќе слушне за пазарот помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ за локалните избори но и за партиските вработувања. Денеска јавноста ќе ја слушне вистината за Законот за бранители. Започнуваме со сет од четири разговори…

повеќе...

Откриен нелегален мобилен оператор во стан во Гостивар

Министерството за внатрешни работи документираше исклучително редок случај на компјутерски криминал при што во стан во Гостивар беше откриена опрема со која станот практично бил претворен во нелегален мобилен оператор преку кој бил реализиран меѓународен мобилен сообраќај на црно. Имено, Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика – Одделение за истраги за компјутерски криминал, ја реализираше Криминалистичката обработка “СИМ БОКС “, поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело “Компјутерска измама“ по член 251б, од КЗ на РМ, а се однесува за злоупотреба на СИМ картички и незаконско детерминирање…

повеќе...

Претседателот Иванов присуствуваше на одбележувањето на Богојавление – Водици во Тетово и во Гостивар

Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов денеска присуствуваше на одбележувањето на големиот христијански празник Богојавление – Водици, што се одржа во Тетово и во Гостивар. Во Тетово претседателот Иванов присуствуваше на богослужбата во Соборниот храм „Свети Кирил и Методиј”, со која чиноначалствуваше митрополитот тетовско-гостиварски г. Јосиф, и на церемонијата на положување на светиот крст. Даниел Милошески беше најсреќниот меѓу верниците и го фати светиот крст на денешното одбележување на Водици, а од претседателот Иванов на подарок доби филигрански крст. Во Гостивар, во Соборниот храм „Успение на Пресвета Богородица”, македонскиот…

повеќе...

Едно лице го загуби животот при тешка сообраќајна незгода на магистралниот пат Кичево-Гостивар

Едно лице го загуби животот во тешката сообраќајна незгода што денес во 03 часот се случи на магистралниот пат Кичево-Гостивар во близина на подвозникот на излезот од градот. Агрон С. (19) од кичевското село Поповјани  на лице место им подлегнаа на повредите додека Ј.Д. (24) од Кичево се здобил со  повреди и по укажаната лекарска помош е пуштен на домашно лекување. Тешката сообраќајна незгода се случила во момент кога Ј.Д. управувајќи патничко моторно возило Застава“ со кичевски регистарски таблици, движејки се по магистралниот пат изгубил контрола над возилото и излетало…

повеќе...