Четвртиот Интернационален Фестивал на филмови снимени со мобилен телефон Мобил Фестивал на 17-ти Декември (вторник) ќе се одржи и во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ – Охрид со почеток во 20:00 часот во големата сала.
Фестивалот е во организација на КТ Филм и Медиа продукција од Скопје и со поддршка од Филмски Фонд на Македонија.
Генерални партнери на фестивалот се T-Mobile и T-Home.
Мобил Фестивал како и изминатите години патува низ другите градови во Македонија, на фестивалот има 2 програми, натпреварувачка и ревијална, инаку фестивалот е интернационален и има филмови од цел свет. На фестивалот може да испрати филм секој кој снимил филм со мобилен телефон, а исто така се доделуваат три награди.
Повеќе информации на веб-страната: www.mobilefestival.net