Репрезентацијата на Македонија до 12 години утринава го совлада романскиот тим Дан Дачијан со убедливи 99-14, продолжувајќи ја низата победи на турнирот во Букурешт.
Како што и самиот резултат кажува, на натпреварот со Дан Дачијан нашите млади кошаркари доминираа во секој сегмент од играта и со уште еден добар тимски настап, без проблеми стигнаа до победата која е трета во низа, по вчерашните успешни настапи против Буба од Бугарија и домашниот тим на Лагуна.
Утре од 10:00 часот наутро, нашите репрезентативци го играат и последниот меч од турнирот, а противник е Слем од Букурешт. За попладнето е предвидена церемонија за доделување на медали и признанија, по што нашата делегација ќе се врати во Скопје.