Во просториите на ОУ „Св.Климент Охридски“ – Охрид, денеска во двочасовна дружба, соработка и помагање се реализира работилница на тема „До новогодишни елки со оригама мајстор-заедничка работилница“ за изработка на оригами-новогодошни елки. Работилницата беше во организација на одделенските наставнички Валентина Кузманоска и Виолета Илиевска.
Третоодделенците од ОУ „Св.Климент Охридски“ по сигурни инструкции на оригама мајсторот, Наташа Алексиќ, а со заемна помош и соработка со неколку родители вредно изработуваа новогодишни украси, оригама – елки. Вредните рачиња направија десетина новогодишни елки-оригами, а ветија дека ќе направат уште, откако ја сфатија постапката.
Во соработка и постојана комуникација со родителите и љубезната менторка, од учесниците на оваа работилница произлегоа убаво украсени новогодишни елки, насмевки и убаво расположение.