ЈП „Нискоградба“ – Охрид, ги информира корисниците на услугите кои имаат заостанат долг по основ на неплатени сметки за одведување на отпадни и атмосфетски води, истиот можат да го отплатат на повеќе рати во зависност од висината на долгот.
Оваа можност се дава за оние корисници кои ќе склучат договор со ЈП до крајот на месец февруари.
Кон оние корисници кои нема да го подмират заостанатиот долг ќе бидат преземени сите законски и подзаконски акти за наплата на истиот по пат на извршител.
Сите заинтересирани лица да дојдат во просториите на наплатен центар КОРЗО или во просториите на Јавното претпријатие кое се наоѓа на Бул. Железничка бб да се информираат и да склучат договор за плаќање на долгот.
Јавното претпријатие на корисниците кои редовно ги плаќаат сметките за одведување на отпадни и атмосферски води им овозможува бесплатно чистење при дефект на мрежата за одведување на отпадни води од улицата до домот на корисникот. Ваквата услуга би чинела 7060 денари на час.