Преку нов мултиплатформски систем материјалите за владините седници ќе се обработуваат поефикасно и побрзо, со што ќе се зголеми транспаретноста и ќе се намалат трошоците, најавија денеска вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски и министерот за информатичко општество и амдинистрација Иво Ивановски.
Најдоцна за шест месеци, до кога е планирано да се стави во употреба системот за е-седници, членовите на владините седници ќе можат да ги следат истите преку смарт телефони и други електронски уреди, односно ќе можат да ги гледаат истите материјали како да се на седница, од било кој крај на светот.
Проектот е-влада, како што истакна вицепремиерот Владимир Пешевски, преставува концепт на крупна реформа на институционалниот систем преку употреба на информациски и комуникациски технологии.
„Со мултиплатформскиот систем за колаборација за електронска седница, кој денес го промовираме, е предвидено да се поедностави и забрза процесот на креирање и менаџирање на информации и елаборати, кои терба да поминат низ дефинирани процедури пред да бидат распоредени за расправа на владина седница“,-истакна Пешевски.
Тој појасни дека идејата на системот е преку организирање на процесот на колаборација кај информациите, со користење на систем на повратна врска како и целосна контрола врз процесот на креирање на информациите, а потоа и управување со елаборатите, од моментот на нивно поднесување до ставање на дневен ред на валдината седница да с епостигне зголемена ефикасност и ефективност на целиот процес.
Министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски истакна дека станува збор за ситем кој работи и на сите оперативни системи, како шт се IOS, Windows, Android, BlackBerry, и кој работи на различни уреди паметни телфони, таблети, персонални компјутери и лаптопи.
Тој нагласи и дека верзирањето на текстовите ќе биде автоматски, односно членовите кои што работат на текстовите да немаат можност да ја деселектираат таа опција, за да можат постојано да се гледаат кои се измените на текстовите.
Ивановски рече дека ваков сиситем на постои во регионот и пошироко, односно дека истите се специфирани само за потребата на нивните корисници и работата само на еден или два оперативни системи и не се мултиплатформски каков што ќе биде системот во Македонија.
Со тоа, нагласи Ивановски, Република Македонија уште еднаш докажува дека е лидер во регионот во развојот на информатичкото општество.
За оваа намена, како што нагласи министерот Ивановски, издвоени се 20.750.000 денари.