ЈП „Градски пазар“ издава под закуп тезги на атрактивни локации

ЈП „Градски Пазар“ – Охрид, нуди одлична можност за соработка и отпочнување на успешен бизнис со неповторливо поволна понуда за закуп на тезги на атрактивни локации во Градскиот пазар.

Од претпријатието информираат дека се нудат тезги за земјоделски производи, занаетчиски производи, текстилни производи, бижутерија.

„Условите се многу едноставни, повелете закупете тезга за пласирање на своето производство или за својот бизнис и започнете ја својата успешна приказна“. – информираат од ЈП „Градски пазар“.

За подетални информации граѓаните можат да се обратат во канцелариите на ЈП „Градски пазар“ Бул.Туристичка 79 или на телефон 046 266 600.

Од претпријатието, на сите граѓани од Православна вероисповед им го честитаат денешниот Христијански празник  Велики Поклади – Прочка.