Ја имам честа да се обратам во градот на словенските просветители Климент и Наум Охридски. Тие уште долги години ќе го чуваат македонскиот народ. Охрид бил и мора да остане центар на уникатноста и единственоста. Со овие зборови се обрати претседателскиот кандидат Стево Пендаровски пред граѓаните на преполниот градски плоштад во Охрид.
Охриѓани загрижено констатираа дека основната гранка во нивниот крај, туризмот, последниве години стагнира или назадува.
„Инвестирањето во реклами, споменици и Субрата Рој нема да го унапредат туризмот. Проектот Скопје 2014 го загрози проектот Македонија. Со добра инфраструктура и капитални инвестиции туристите ќе се вратат назад во Охрид“, им одговори Пендаровски на охриѓани.
На власта тој и порача дека народот е силата којашто ја има моќта да се справи со недемократската власт.
„Тоа ќе се случи на 13-ти април, а ќе се потврди на 27-ми. Ова ви го кажувам ексклузивно јас, бидејќи тие нема да ви го кажат“, рече Стево Пендаровски, кандидат за претседател на Република Македонија синоќа во Охрид.