ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ преку прес го обелоденуваат во целост принципот на нивното функционирање

ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид со рекација на пресот на ОО на СДСМ Охрид. Во реакцијата стои:

„Агонијата, лицемерието и небулозноста на Охридското партиско раководство на СДСМ, а најповеќе на Претседателот на ОО СДСМ Томислав Тунтев очигледно кулминира. Преку прикажување на дезинформации и клевети очигледен е нивниот мотив за приграбување на ситни партиски поени.

ОО СДСМ водени од нивното искуство со притисоци и закана да се обраќаат до нивните сограѓани и да вршат присила за политичка определба, денес преку прес го обелоденуваат во целост принципот на нивното функционирање.

Во духот на демохристјанството ВМРО ДПМНЕ како политичка опција своите ставови ги прикажува низ демократски процеси и никогаш не врши присила и закани и во целост ги отфрла обвинувањата од СДСМ. Таков бил и ќе биде принципот на ВМРО ДПМНЕ –  партија во која членуваат голем број на членови и партија која има голем број на симпатизери.

Впрочем, тоа нашите политички опоненти најдобро ќе може да го согледаат од денешниот голем партиски митинг во Скопје, во кој ќе се покаже и докаже силата и големината на ВМРО ДПМНЕ.

Од друга страна ВМРО ДПМНЕ жали што во целост не може да им излезе во пресрет на своите сограѓани за  организиран превоз за вечерашниот митинг со оглед дека заинтересираноста е преголема.

Тоа е вистинската слика на ВМРО ДПМНЕ и тоа е големината на ВМРО ДПМНЕ за која политичките опоненти а најповеќе СДСМ ќе се уверат на престојните претседателски и парламентарни избори.“– се вели во рекацијата.