И покрај тоа што измина еден месец без натпревари на фудбалската репрезентација на Македонија, според најновата ФИФА рејтинг листа Македонија забележа скок од две места, со што се најде на 80-то место.
На врвот на ФИФА рејтинг листата се наоѓаат Шпанија и Германија, додека пак промена има на третата позиција каде се најде Португалија, на местото од Аргентина, која падна на 5-то место.
Најголем скок изминатиот месец забележа репрезентацијата на Шкотска, со скок од +15 места се најде на 22-ро место, додека пак најголем пад имаше репрезентацијата на Либерија од -22 места и се најде на 119-то место.
WebOhrid