Костоски потсети на најавени и никогаш нереализирани инвестиции од страна на ВМРО-ДПМНЕ во последните 8 години

Нова германска фирма ќе отвори фабирка од автомобилската индурстрија во Охрид, беше поводот за денешната прес конференција на ОК на ВМРО НП Охрид.

Претседателот на ВМРО НП и носител на пратеничката листа во 5-тата ИЕ, Ванчо Костоски на прес средбата го потсети градоначалникот Бакрачески и целата јавност за како што рече следните најавени и никогаш не реализирани инвестиции од страна на ВМРО-ДПМНЕ во последните 8 години.

„Француски инвеститор за фабрика за авто галантерија во состав на Откес со 1000 вработувања – помпезно најавена никогаш не реализирана.

– Хотел Радисон во Горица – помпезно најавена во медиумите, никогаш не реализирана.

– Холандски хотел во Рача – помпезно најавен никогаш не реализиран.

– Сименс ќе го купи ЕМО – лаги со опашки.

– Хотел Ексцелзиор – најавен никогаш не реализиран.

– Руски комплекс со бањи во Љубаништа (ако заборавиле пред да го најдат Субрата Рој, најавуваа РУСКИ ТАЈКУНИ дека ќе инвестираат во Љубаништа) но и од тоа не бидна ништо и испадна дека било и тоа голема лага.

– Турска болница – силно ја најавија и одеднаш ја заборавија. 

– За белосветскиот измамник кој уркаде милијарди долари од народот на Индија, притвореникот Субрата Рој, кого владата на ВМРО-ДПМНЕ две години ни го најавува како спасител на Охрид кој требаше во градов да отвори 1000 вработувања, да не зборуваме, него сите го паметиме, па сигурно го знае и Бакрачески и знае дека целиот негов проект на крај се покажа само како уште едно од илајдниците големи лажни ветувања на ВМРО-ДПМНЕ.“– потсети Костоски и додаде:

„Значи колку и да сакаме да веруваме дека сега одеднаш после овие десетици лаги за инвестиции кои ни ги пласирате пред избори, колку и да посакуваме да е вистина најновата најавена фабрика, не може а да не помислиме дека повторно се работи за лага и за уште една манипулација пред избори.“– заврши Костоски.

WebOhrid