Ученици од ОУ „Живко Чинго“, село Велгошти – Охрид, заедно со директорот Ѓоко Чингоски и наставниците од ова училиште денес присуствуваа на саемот за наука и култура кој што се одржа и беше организиран од страна на „Јахја Кемал“ колеџот од Струга.
Училиштето „Живко Чинго“ присуствуваше со посебен штанд и единствен, каде беа претставени активностите на учениците преку разни експерименти и прикази од областа на географијата, физиката, хемијата, информатиката, техничкото и музичкото образование.
Саемот беше збогатен со повеќе активности, а поканети беа сите основни и средни училишта од град Охрид.
WebOhrid