Селекторот на А репрезентацијата на Македонија, Бошко Ѓуровски го соопшти поширокиот список на играчи на кои смета за двете контролни средби против Камерун и Катар на 26 и 30 мај 2014 година како дел од подготовките за септемврискиот квалификациски циклус за Европското првенство во Франција.
На списокот на селекторот Ѓуровски се следните играчи:
ГОЛМАНИ: Томе Пачовски (Мехелен, Белгија), Кристијан Наумовски (Динамо Букурешт, Романија), Андреја Ефремов (Металург), Марко Јовановски (Шкендија)
ОДБРАНА: Даниел Георгиевски (Стеауа Букурешт, Романија), Александар Тодоровски (Штурм, Австрија), Стефан Ристовски (Латина, Италија), Горан Попов (ВБА, Англија), Егзијан Алиоски (Шафхаузен, Швајцарија), Адријан Цуцули (Шкендија), Даниел Мојсов (Бран, Норвешка), Ванче Шиков (Волин, Украина), Бобан Грнчаров (Таврија, Украина), Кире Ристевски (Славија Софиа, Бугарија ), Дино Најдоски (Работнички), Ѓорѓи Зајков (Работнички)
СРЕДЕН РЕД: Мухамед Демири (Ст. Гален, Швајцарија), Остоја Стјепановиќ (Висла Краков, Полска), Артим Положани (Шкендија), Стефан Спировски (Берое, Бугарија), Никола Глигоров (Хазар Ланкаран, Азербејџан), Ферхан Хасани (Брондби, Данска), Агим Ибраими (Каљари, Италија), Давид Бабунски (Барселона Б, Шпанија), Муарем Муарем (Карабах, Азербејџан), Бесмир Бојку (Македонија ЃП ), Дарко Велковски (Работнички), Александар Трајковски (Мехелен, Белгија )
НАПАД: Иван Тричковски (Беверен, Белгија ), Бесарт Абдурахими (Хапоел Тел Авив, Израел), Јован Костовски (Леувен, Белгија), Адис Јаховиќ (Ворскла, Украина), Баже Илијоски (Работнички), Тауљан Сулејманов (Работнички), Крсте Велковски (Сараево, БиХ), Кире Марковски (Работнички), Дејан Блажевски (Хазар Ланкаран, Азербејџан), Бесарт Ибраими (Енозис, Кипар), Љавдрим Скендери (Ренова) Даниел Аврамовски (Македонија ЃП).
„Целта на овие натпревари е да ги видиме и препознаеме квалитетите на поголем дел од фудбалерите кои досега немале вистинка прилика да се докажат во репрезентацијата и да им дадеме прилика да се наметнат во најдобрата селекција за дуелите од квалификациите за Европското првенство. Ова е првичен списокот, во Австрија ќе патуваат 25 играчи, во зависност од моменталната форма, од обврските на играчите или евентуални повреди подоцна ќе го одредиме конечниот список. Контактиравме со речиси сите фудбалери за кои сметавме дека можат да помогнат. Николче Новески јасно стави до знаење дека завршува со репрезентативната кариера. Низ заеднички разговор заклучивме дека нема можност да го даде најдоброто од себе и во дресот на неговиот клуб и во репрезентацијата. Ние ја почитуваме неговата одлука, Новески даде многу за македонската репрезентација, неговиот однос кон државата и дресот со националниот грб треба да биде пример за младите играчи. Сметам дека во натпреварите треба да играат играчите кои имаат стандардно место во своите тимови, оттука повикав неколкумина фудбалери од домашниот шампионат, сметам дека заслужуваат да добијат шанса, а ќе видиме колку сме биле во право. Џелил Абдула, Благоја Тодоровски и Марко Симоновски исто така се наметнуваат и мислам дека можат да бидат во конкуренција за настап на следните натпревари“. – изјави селекторот Ѓуровски.