Учениците од третите одделенија од ОУ „Кочо Рацин“ Охрид активно се вклучија со активности поврзани со основните чекори на програмирање.
„Еден од начините на кои можеме да придонесеме за образованието, е поддршка на секој ученик на планетата во развивање на вештините од 21 век. Технологијата стана интегрален дел од секојдневието на луѓето, при што се зголемува интересот на учениците, родителите, наставниците, владините и невладините организации, младите да не учат само како да користат технологија, туку креирајќи со помош на технологијата да станат иноватори и движечка сила на развојот и можностите во своите средини. Изучувањето на програмирањето и кодирањето помага при развивање на вештините за критичко мислење и решавање проблемски ситуации со што се зајакнуваат способностите за вклучување на пазарот на трудот.“-вели наставничката Виолета Петковска.
Minecraft Hour of Code туторијалот има за цел да поттикне милиони млади луѓе да се вклучат на час со кодирање како дел од Неделата на програмирањето (Computer Science Education Week) од 7 до 13 декември. Новиот туторијал кој сега е достапен на code.org/mc ги воведува учесниците во основите на програмирањето преку забавни и веќе познати активности. Креиран од страна на дизајнерите на игратаMinecraft и Code.org, туторијалот ги вклучува карактерите и предизвиците инспирирани од играта Minecraft позната на повеќе од 100 милиони играчи од цел свет.