Во спортската сала „Тодор Александров“ во Велгошти, денес се играше „Coca-Cola фудбалскиот куп“ на Пивара Скопје АД, Coca-Cola и Отворени забавни фудбалски школи.
Целта на Coca-Cola фубалскиот куп веќе трета година по ред останува непроменета, создавање здрави животни навики кај младите преку практикување физичка активност исполнета со дружење и забава.
„Овде сме да направиме дружење, игра и забава за децата од Охрид. Има деца од три средни училишта и три основни училишта. Целта не се резултатите, постигнување први места и други работи, туку овде пред се е промоција на општествената одговорност на тие наши спонзори и донатори, а пред се децата да се видат, да се дружат, колегите да се сретнеме пак повторно. На 31 мај ќе биде финалната манифестација што ќе се одржи во Скопје, каде што ќе имаме можност да присуствуваме на исто вакви натпревари, каде што ќе се игра без судии, без притисок на децата да можат да се забавуваат од цела Македонија. Овде, во спортската сала „Тодор Александров“, во ОУ „Живко Чинго“ во Велгошти мислам дека ќе имаме прекрасна дружба, убав настан и ќе се дружиме повторно и ќе се видиме сите заедно во Скопје.“– изјави за WebOhrid, претставникот на меѓународната организација Отворени забавни фудбалски школи, партнер во проектот, Цено Александровски.
Coca-Cola фубалскиот куп е пример на добра практика на поврзување на бизнисот, граѓанскиот сектор, локалната управа и образованието.
Како што вели Александровски учесници во турнирите во фудбал се 1500 ученици од 100 основни и средни училишта од 12 општини од цела Македонија.
„Оваа програма оди во 12 општини во Република Македонија, досега поминавме повеќе од половина, над 500 деца поминаа низ оваа програма.“ – додаде Александровски.
Инаку, учесниците се на возраст од 13 до 16 години, ученици во основните и средни училишта од општините ширум Македонија. Турнирот завршува со полуфиналните и финалните натпревари кои ќе се одиграат на 31 мај во Градскиот парк во Скопје.
WebOhrid