Со вечерен концерт утре во летната кино бавча во Охрид, младите музичари од Охрид ќе се приклучат кон акцијата „Заедно за спас на еден детски живот“. Забавата ќе започне од 20 часот а цената на билетот изнесува 100 денари. Билетите може да се купат во Центарот за култура и на влезот пред самиот концерт. Сите собрани средства одат во хуманитарната акција што неодамна ја покренаа новинарите за лекување на 11 годишното охриѓанче во Пекинг.