Со цел приближување на работата на Претседателот на Република Македонија до младите, а воедно и укажување на можност за стекнување на работно искуство со кое би можеле полесно да конкурираат на пазарот на трудот, Кабинетот на Претседателот на Република Македонија овозможува волонтирање на заинтересираните, во Народната канцеларија во Скопје.
Правата и обврските на лицата ангажирани во работата на Народната канцеларија ќе се регулираат согласно Законот за волонтерство („Службен весник на Република Македонија” бр.85/07 и 161/08).
По завршување на волонтирањето, Кабинетот на Претседателот на Република Македонија не превзема обврска за вработување на волонтерите.
Заинтересираните кандидати треба да достават:
• писмо за интерес;
• кратка биографија;
• доказ за завршено образование.
Документите да се достават до Кабинетот на Претседателот на Република Македонија најдоцна до 25.06.2014 година, на адреса:
Кабинет на Претседателот на Република Македонија
(Комисија за „Народни канцеларии”)
„Вила Водно”
Ул. Ацо Караманов Бр.33A
1000 Скопје, Република Македонија