Во рамки на воспитно образовните активности насловени како „Сообраќајна врвулица“ денес деца од ЈДГ „Весели цветови“ ја посетија ПС Кисела Вода каде што беа пречекани и до министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска.
Министерката Јанкулоска изјави дека оваа едукативна активност всушност е дел од програмата на МВР за превенција, а со цел и најмладите да се едуцираат за прашања од областа на сообраќајот и безбедноста за навреме да ги научат основните правила и прописи на однесување.
„Тие се гости во полициската станица за да може да се запознаат со сите правила и прописи во сообраќајот, на начин соодветен на нивната возраст. Овој проект е дел од низата превентивни проекти кои се однесуваат на работата на полицијата заедно со граѓаните“, нагласи Јанкулоска.
Исто така министерката Јанкулоска најави дека во наредниот период на подрачјето на СВР Скопје, односно координирано сите полициски станици на територијата на главниот град да ги започнат и реализираат проектите од програмата, а потоа тие да бидат спроведени и во другите градови на Македонија.