Децата од Македонија се сретнаа со актерот Ричард Гир

Дванаесет тинејџери од Република Македонија, со поддршка на Министерството за култура и Агенцијата за филм, се дел од еден од најголемите филмски фестивали за деца и млади во светот, „Џифони искуство“, кој се одржува од 18 до 27 јули во гратчето Џифони, Италија.

На фестивалот секоја година гостуваат познати личности од светот на филмот, а децата од Македонија и овој пат во дискусиите со нив беа препознатливи по својата активност промовирајќи ја нашата земја.

На средбата со холивудскиот актер Ричард Гир во преполната сала „Трифо“, Мартина Величковска беше едно од петте деца што имаше можност да му постави прашање на познатиот актер, кој својот одговор го започна: „Ја сакам Македонија, топлината на луѓето и убавините на вашата земјата“, сеќавање кое беше поттикнато од посетата на Македонија пред 15 години.

GIFFONI___1a

Дарио Тодоровски, пак, ја имаше честа на актерот да му ја врачи традиционалната награда за животно дело „Франсоа Трифо“.

Утрешниот ден во рамките на фестивалот ќе биде посветен на Македонија како земја во фокусот, исполнет со богата културна програма со ревија на македонски филмови, музика на Мухамед Ибрахими, изложба на фотографии со убавините на Македонија и  презентација на македонски традиционални производи.

GIFFONI___4