Глумци од МНТ и актери аматери со Даунов синдром премиерно ќе ја изведат „Викај ги среќа“

Актери од МНТ и млади актери аматери со Даунов синдром на 20 март на малата сцена на Македонскиот народен театар премиерно ќе ја изведат претставата „Викај ги среќа“ во пресрет на одбележувањето на 21 Март, Светски ден на Даунов синдром. Режисери на претставата, која ја подготвува Центарот за Даунов синдром во соработка со МНТ и со поддршка на Министерството за култура , се Златко Славенски и Куштрим Бектеши. Во рамки на одбележувањето на Светски ден на Даунов синдром ќе се одржат и повеќе други настани. Министерката за култура Елизабета Канческа-…

повеќе...

Почина актерот Васил Шишков

Актерот Васил Шишков (44) ненадејно починал вчеравечер. Шишков на македонската театарска сцена работи од 1991 година, а има настапувано и во повеќе македонски филмови. Веста за неговата смрт се рашири преку социјалните мрежи. Првичните неофицијални информации говорат дека Васил Шишков најверојатно починал од срцев удар. Срцето на легендарниот македонски актер не издржало. Шишков (44) беше син на познатиот македонски актер и легенда Ристо Шишков. Тој одигра дузина улоги во серијалот Македонски народни приказни, и во филмовите „Џипси меџик“, „Бог да ги убие шпионите“, „Македонија може“ „Бумбари“ и други.

повеќе...

Децата од Македонија се сретнаа со актерот Ричард Гир

Дванаесет тинејџери од Република Македонија, со поддршка на Министерството за култура и Агенцијата за филм, се дел од еден од најголемите филмски фестивали за деца и млади во светот, „Џифони искуство“, кој се одржува од 18 до 27 јули во гратчето Џифони, Италија. На фестивалот секоја година гостуваат познати личности од светот на филмот, а децата од Македонија и овој пат во дискусиите со нив беа препознатливи по својата активност промовирајќи ја нашата земја. На средбата со холивудскиот актер Ричард Гир во преполната сала „Трифо“, Мартина Величковска беше едно од…

повеќе...

Мазова: Актерот е број еден во моето толкување на нештата

Театарот освен што е скапа уметност, тој е и уметност која бара љубов, вели Лилјана Мазова која вечерва во рамките на фестивалот „Охридско лето“ ќе ја промовира нејзината театарска книга „Отворен круг“. Според неа, театарот е отворен круг во кој секогаш има место за сите, а најголемата тежина отпаѓа на актерите зашто тие ги реализираат идеите на сите тетарски работници. „Во театарот главни се актерите. Тежината на театарот паѓа врз грбот на актерите. Затоа и актерот е број еден во моето толкување на нештата. Во книгата се обидов на еден…

повеќе...