Пронајдени гранати во Охридското Езеро

Вчера во 07.00 часот во ПС Охрид, И.А. (35) од Охрид пријавил дека на околу 50 метри од плажата до ПС за ГН Охридско езеро забележал две експлозивни направи, најверојатно гранати од постар временски период. Полициски службеници од ПС за ГН Охридско езеро извршиле преглед при што на околу 50 метри од брегот на длабочина од околу три метри забележани се две гранати. За настанот бил запознаен и Центарот за управување со кризи.

повеќе...

Слушната детонација во близина на Владата

Синоќа околу 21:00 часот во МВР е пријавено дека е слушната детонација во близина на Владата во правец кон споменикот „13 Ноември“. Екипи од Одделот за антитероризам и деминирање веднаш излегоа на терен. Од извршениот увид е пронајдено местото на експлозијата, во тревник кон Вардар, на оддалеченост од 5 до 10 метри од зградата на Владата. Од експлозиијата не е нанесена никаква штета. Од местото на настанот се подигнуваат остатоци за вештачење.

повеќе...

Експлозија на цистерна со гас во Турција, најмалку 66 повредени

Најмалку 66 луѓе се повредени откако се превртела и експродирала цистерна со гас во Југоисточна Турција, јави Анадолија, пренесе МИА. Несреќата се случи вчера, а од експлозијата и пожарот беа зафатени и два автобуси и други превозни средства на патот во близина на градот Лиџе, на околу 150 километри северно од Дијабекир.  Околу 20 повредени се во тешка здраствена состојба. Извор: Нет Прес

повеќе...