Италијанска интернационална компанија, која произведува компоненти за бојлери престојува во Македонија каде разгледува можностите за инвестирање во земјава.
Претставници на компанијата денеска се во посета на градовите Кочани, Велес, Штип, Прилеп, Неготино и Кавадарци како можни локации за инвестирање.
Домаќин и организатор на оваа посета е министерот за странски инвестиции Џери Наумоф, а следи по неговите средби со извршните директори на компанијата во јуни на неговото бизнис патување во Италија.
„Компанијата беше позитивно изненадена и заинтересирана за поволната бизнис клима во Македонија. Со своите операции, оваа компанија ќе донесе уникатна високоразвиениа технологија и роботика,“ се вели во соопштението од кабинетот на министерот Наумоф.