Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, по повод големиот празник Рамазан Бајрам, испрати честитка до поглаварот на Исламската верска заедница, Реис Ул Улема Сулејман Ефенди Реџепи:
„Дозволете, во мое лично име и во име на Социјалдемократскиот сојуз, Вам лично, на Исламската верска заедница и на верниците од исламска вероисповед, да ви упатам искрени честитки по повод големиот верски празник Рамазан Бајрам.
Пожелуваме добро здравје, духовен мир и благосостојба за сите.
Се надевам дека ќе продожиме да ги негуваме вредностите на заеднички живот, низ меѓусебна почит и толеранција, како цивилизациски придобивки, што единствено водат кон напредок и прогрес.
Така ќе успееме во заложбите за општество на среќни и задоволни граѓани. Ви посакувам спокојни празнични денови, споделени со вашите најблиски.“- стои во честитката од претседателот на СДСМ, Заев.