Брајан Рикеман од Белгија – победник на 28-то издание на Охридскиот пливачки маратон

Брајан Рикеман од Белгија е победник на 28-то издание на Охридскиот пливачки маратон. Рикеман успеа во драматичен финиш да триумфира пред останатите пет пливачи кои во група речиси истовремено ја минаа последната контролна точка кај Канео.

Втор на целта беше Евгениј Поп Ацев, додека пак третопласиран е Јоанес Едел од Франција.

Во женска конкуренција победи Силвие Рибарова од Чешка.

Претседателот Ѓорге Иванов кој е и покровител на оваа манифестација, им врачи ловоров венец на победниците на пливачкиот маратон.