Во сабора со почеток во 17 часот во СРЦ Билјанини Извори ќе се одржи хуманитрано – ревијален фудбалски наптревар на кој учество ќе земат легендите на македонскиот фудбал, кои низ годините играле во нашата репрезентација.
Организатор на настанот е Фудбалската федерација на Македонија , Локаланта самоуправа од Охрид и СРЦ БИЛЈАНИНИ ИЗВОРИ, а средствата собрани од настанот ќе се донираат за лекување на 11 годишно дете од Охрид, кое мора да се лекува во Пекинг.
На теренот ќе се појават ветераните од репрезентацијата и тоа: Данчо Целески, Вујадин Станојковиќ, Бошко Ѓуроски , Илија Најдоски, Саша Ќириќ и плејада на дурги македонски репрезентативци.
Од поранешните играчи на Ф.К. Охрид ќе заиграат : Данчо Целески ( кој едно полувреме ќе игра во екипата на Охрид, а едно во репрезентацијата ) , Гоце Маркоски, Гоце Толески , Драган Бочески ,Ламбе Арнаудов, Јаким Бакулески и ред други играчи од славните денови на клубот.
Иницијатор на овој ревијален натпревар е Данчо Целески.
„Сакам да ги повториме блескавите моменти на славните македонски фудбалери од нашата државна репрезентација, но и од славните денови на Ф.К. Охрид , а сето тоа да го надополниме со хуманитарна смисла на целито настан. Да ги потсетиме љубителите на фудбалот на славните играчи од градов и Македонија и со тоа да испратиме една порака за враќање на фубалот во градов преку негова комерцијализација и изнаоѓање на бизнисмени кои тука ќе го пронајдат интересот од спортот да направат профитабилна дејност, а со тоа и од Охрид да се создаваат нови репрезентативци“ – вели Данчо Целески.
Како коорганизатор на настанот е и ЈП БИЛЈАНИНИ ИЗВОРИ, а директорот Ристе Мишев вели дека ова ќе биде само уште еден од десетиците спортски спектакли кои се случија во градов летово.
„Целта е да се направи ваков голем спортски настан, но и да се соберат средства со кои ќе се помогне акцијата на новианрите од Охрид, за спас на еден детски живот. ЈП БИЛЈАНИНИ ИЗВОРИ како дел од организацијата гарантира дека ќе имаме уште еден величествен спортск иден во Охрид, како круна на летните спортски настани кои оваа година како никогаш до сега ги имавме во изобилство“ – вели Мишев.
Цената на влезницата е 50 денари.
Поркај на со влезница граѓаните може да донираат и со испраќање на СМС Ппораки на :
ONE – 075 143 113
VIP – 077 143 155
Т MOBILe – 070 143 105
Повикот чини 100 денари + ДДВ.
Уплата може да се изврши и на следната жиро сметка: 530500017615254 Охридска Банка.