Раководството на СДСМ се сретна со претставникот на МНР на СР Германија Ернест Реичел

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев и заменик претседателката, Радмила Шекеринска, попладнето остварија средба со претставикот на МНР на СР Германија, одговорен за Југоисточна Европа, Турција и земјите на ЕТФА, Ернeст Реичел.

Германскиот дипломат Реичел изрази загриженост за состојбите во земјава, продлабочените меѓуетнички oдноси и интеретнички односи и се интересираше за можностите за дијалог за решавање на отворените прашања во земјава.

Раководството на СДСМ ја соопшти определбата на Социјалдемотскиот сојуз како одговорна партија да работи исклучиво за интересите на државата.

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев ги објасни 5-те барања на опозицијата што имаат за цел враќање на земјата во нормалниот колосек и обезбедување демократски услови за изразување на слободната волја на избирачите.

Раководството на СДСМ ја поздрави иницијативата на СР Германија и канцеларката Меркел за поддршка на сите земји од Западниот Балкан да станат дел од Европската Унија, како и завршната декларација од средбата во Берлин, во којашто со право, од целиот регион, се очекува напредок базиран на демократијата и владеењето на правото.

Sredba Zaev Reicel 1