Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Убиство во обид“ СВР Охрид против Ј.Н. (29) од Охрид поднесе кривична пријава.
Пријавениот, на четиринаесетти овој месец, без никаков повод и причина физички го нападнал З.П. вработен како чувар во јавното претпријатие „Проаква“ удирајќи го со камен во пределот на главата и лицето. Откако З.П. паднал на земја, пријавениот Ј.Н. извадил нож и му нанел убодна рана на лицето по што избегал оставајќи го тешко повредениот немоќно да лежи на земја.
Настанот се случил околу 12 часот и 15 минути пред чуварската барака на јавното претпријатие „Проаква“ на улицата „Сирма војвода“ во Охрид во момент кога оштетениот З.П. извршувал одредени работни задачи. Истиот, иако тешко повреден успеал од својот мобилен телефон да се јави во СВР Охрид и да го пријави нападот.
З.П. веднаш е пренесен на хируршкото оделение при општата болница во Охрид каде се констатирани тешки телесни повреди во главата и лицето. Поради сериозноста на повредите, З.П. е пренесен на државната клиника во Скопје на понатамошно лекување.
На местото на настанот извршен е криминалистичко-технички увид при што пронајден е каменот и ножот со скршено сечиво како и други предмети кои се испратени на вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје.