Учениците од ОУ „Христо Узунов“, вчера беа дел од обуката на Територијалната противпожарна единица од Охрид за превенција од пожари.
„Целта беше најмладите да се запознаат со основните постапки и со важноста од противпожарната заштита, како во училиштето така и во домовите.“ – вели директорот на ОУ „Христо Узунов“, Тони Симоновски.
Инаку, овие обуки се одржуваат да ја подигнат свеста на најмладите за опасностите од пожари.