Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денес одржа средба со опозициските колеги Тито Петковски и Андреј Жерновски. По средбата, Заев изјави:
„На самата средба се разговараше за две работи.Првата работа е тоа што ги потврдивме нашите ставови. Враќање во Парламентот нема. Секако петте теми се јасни и на јавноста и на власта, теми за коишто, власта доколку смета може да отпочне преговори. Тоа се темите за медиумите, за разграничување на партијата од државата, темата за пописот, темата за избирачкиот список и изборното законодавство и за техничката влада. Втората работа за којашто разговаравме е делот на Стратегијата.
Стратегијата на опозицијата е јасна, имплементацијата на четирите столбови е во тек. Новина е тоа што од утре почнуваме трибини низ Македонија, 16 градови се дефинирани, утре е Битола, каде што претставниците на опозицијата, и јас ќе бидам таму присутен од претставници на претседателите на партиите, ќе отвориме дебата со граѓаните дополнително за актуелните политички случувања.“- рече Заев.