На ден 17-ти Ноември (понеделник), со почеток во 20.00 часот во Националната Установа, Центар за култура „Григор Прличев” ќе се одржи хуманитарен концерт, со цел прибирање средства за Средното општинско стручно училиште Св. „Кирил и Методиј” од Охрид. На настанот ќе земат учество хорот при ОСУ „Св.Климент Охридски “–Охрид, ФА „ОТЕКС” од Охрид, Ансамбл „Зарина”, музички точки со ученички од СОСУ „Св.Кирил и Методиј” и ОСУ „Св.Климент Охридски” и специјални гости „The Backdoor Band”.
Цената на влезот е 50,00 ден. Средствата ќе бидат наменети за исплата на градежите активности кои беа преземени за нормален почеток на новата учебна година, бидејќи од оваа година училиштето функционира како нов правен субјект.