Од понеделник до петок ќе се врши уредување на дрворедите на ул „Македонски Просветители”

ЈП „Охридски Комуналец”- Охрид, известува дека во деновите од понеделник до петок ќе врши уредување на дрворедите со поткастрување на крошните од липите на улицата „Македонски Просветители”.

Поради ова потребно е отстранување на паркираните возила за непречено извршување на активностите. Уредувањето на дрворедите ќе се врши во деновите:

1. Понеделник 17.11.2014 год. – пресекот на „Кеј Македонија”со улицата „Партизанска”;
2. Вторник 18.11.2014 год. – потегот од ул.„Партизанска” до улицата „Димитар Влахов”;
3. Среда 19.11.2014 год. – од улицата „Димитар Влахов”до „Даме Груев”;
4. Четврток 20.11.2014 год. – потегот од „Даме Груев” до пресекот со улица „Туристичка”;
5. Петок 21.11.2014 год. – потегот од „Даме Груев” до пресекот со улица „Туристичка”;

Во зависност од временските услови овој распоред може да претрпи промени, за што граѓаните благовремено ќе бидат известени.