Казна од 12 илјади евра за ФФМ поради употреба на ласери од страна на навивачите

Фудбалската федерација на Македонија е казнета со паричен износ од 12.000 евра од страна на телото на УЕФА за контрола, етика и дисциплина поради однесувањето на дел од навивачите на квалификацискиот натпревар Македонија – Луксембург на 9 октомври, односно користење и употреба на ласери.