Основци од „Живко Чинго“ наградени на фестивалот на детски творби

Двајца ученици од ОУ „Живко Чинго Велгошти“ (Крстаноска Благица и Христијан Балоски од VII одд.) беа наградени на VI -от фестивал на детски творби и творби за деца „Беше еднаш еден неизбришлив лав“.

„Ова е меѓународен конкурс кој е во организација на општина Медијана, Ниш. Овие награди беа во конкуренција од над 2000 творби што оваа година пристигнале на адресата на фестивалот Медијана. Наградените ликовни творби од нашите ученици беа „Девојка во носија“ и „Паун“.“– велат од училиштето.

NagradeniTvorbiZivkoCingo02

Наградите на учениците им беа врачени од страна на Градоначалникот на Ниш, во рамки на настанот Децата за Св. Климента што се одржа на градскиот плоштад на 7 декември. Наградените ликовни творби се дел од годишна публикација на фестивалот Медијана.

NagradeniTvorbiZivkoCingo03

WebOhrid