Според податоците на Државниот завод за статистика, во III тримесечје од 2014 година активното население во Република Македонија брои 958 393 лица од кои вработени се 690 965, а 267 428 лица се невработени.
Стапката на активност во овој период е 57.3, стапката на вработеност е 41.3, додека стапката на невработеност е 27.9.