Активно население во Република Македонија – Резултати од Анкетата за работната сила, III тримесечје, 2014 година

Според податоците на Државниот завод за статистика, во III тримесечје од 2014 година активното население во Република Македонија брои 958 393 лица од кои вработени се 690 965, а 267 428 лица се невработени.

Стапката на активност во овој период е 57.3, стапката на вработеност е 41.3, додека стапката на невработеност е 27.9.