На 22 декември ( понеделник) во 11 часот во големата сала на општината Охрид, ќе се одржи деветата отчетна седница на Собранието на Здружението на пензионерите на општините Охрид и Дебрца.
На седницата покрај другите точки од Дневниот ред, ќе биде донесена Програма за работа на ЗП за 2015 година, Финансиски план ,Одлука и програма за спроведување на новите Изборни активности за нови раководства во почетокот на 2015 година, како и разгледување на барањето на новото ЗП на Дебрца и донесување на одлука.
На седницата ќе бидат врачени и плакети, признанија, благодарници и пофалници на поединци,организации и институции за постигнат особен придонес во активноста и развојот наа ЗП, а преставници на Отсекот за превенција при СВР Охрид ќе го промовираат прирачникот ,,Внимавајте на вашата безбедност.
На седницата ќе бидат присутни претседателот на Сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија Драги Аргироски, градоначалникот Никола Бакрачески,заменик-градоначалникот Ангел Јанев, и други гости.