Со одлука на извршниот одбор на УЕФА, а преку Фудбалската Федерација на Македонија, во текот на вчерашниот ден исплатени се средства на 4 наши клубови од програмата за Финаниски Фер Плеј кои се натпреваруваа во квалификации за Лига на Шампиони и Лига Европа во сезона 2013/14.
Имено, овие средства се добиени од наградниот фонд на УЕФА кој е задржан заради несиполнување на правилата од Финанскиот Фер Плеј. Од оваа сума 80% од средствата се дистрибуирани на клубовите кои играле во фазата по групи на Лига на Шампиони и Лига Европа на еднакви делови, додека 20% се исплатени на клубови кои се елиминирани за време на квалификациските натпревари во истите натпреварувања.
Во сезона 2013/14 квалификации за настап во елитните европски натпреварувања имаа:
– ФК Вардар (Квалификации Лига на Шампиони)
– ФК Турново (Квалификации Лига на Европа)
– ФК Тетекс (Квалификации Лига на Европа)
– ФК Металург (Квалификации Лига на Европа)
На секој од овие клубови УЕФА преку ФФМ им исплати еднократно по 30,790 евра.