Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ полициската станица Дебар поднесе кривична пријава против З.М. (52) од селото Могорче.
На 13-ти декември минатата година, во домот на пријавениот, пронајдени се седум куршуми со калибар 12 милиметри што нелегално ги поседувал.
Истите се одземени и по извршеното вештачење констатирано е дека пронајдените куршуми претставуваат ловна муниција со калибар од 12 милиметри наменати за лов, односно за испалување со ловни оружја-ловни пушки.
Претресот во домот на пријавениот З.М. е извршен по претходно добиена наредба од Основниот суд во Дебар.