Прием за практиканти од Европската Унија

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска прими 15 практиканти од неколку земји членки на Европската Унија, во рамки на редовната програма на институциите на Европската Унија во Брисел, преку која се потврдува отвореноста и пристапноста на ЕУ институциите за младите. Практикантите изразија благодарност на претседателот Иванов за можноста одблиску да се запознаат со функционирањето на Кабинетот на Претседателот на Република Македонија.