Утре прекин во водоснабдувањето на улица „7-ми Ноември“

Од МЈП „Проаква“ РЕ „Водовод“ –Охрид, информираат дека утре(четврток) во период од 9 до 12 часот ќе има прекин во водоснабдувањето на улица „7-ми Ноември“.

Екипи на ова претпријатие во тој временски период ќе работат на промена на шиберите во овој дел од Охрид.