Поради врнежи од снег забрана за движење на тешки товарни возила на патот Маврово-Дебар

Поради интензивни врнежи од снег воведена е забрана за движење на тешки товарни возила на крак Маврово – Дебар.

Сообраќајот за тешки товарни возила на планинскиот премин Стража е нормализиран.

Според информациите добиени во АМСМ од Ј.П. Македонија пат, сообраќајот на останатите државни патишта се одвива без забрани, по влажни коловози. Врнежи од снег се бележат на повисоките места во северозападниот дел од републиката, додека во останатиот дел врне дожд.