Кривична пријава за лице од Кичево поради тешка кражба

Поради постоење основи на сомнение за сторени дваесет казнени дела „Тешка кражба“, полициската станица од Кичево поднесе кривична пријава против Ш.Р. (29) од селото Жубрино. Мерката притвор во траење од осум дена, што неодамна му беше одредена во врска со претходно сторени четири тешки кражби, на Ш.Р. му е продолжена до триесет дена.

Во периодот од март 2013 година до фебруари оваа година, пријавениот со употреба на подесен предмет за кршење и со физичка сила, насилно отворал врати и прозорци од магацински простор и работилници на термоелектраната „Осломеј“ како и од објекти сопственост на АД Мепсо и АД-ЕЛЕМ лоцирани во РЕК „Осломеј“, од каде противправно одземал агрегат за струја, високонапонски кабли и повеќе видови работен алат и прибор. Од стариот коп на рудник Осломеј откако од електричен напон го исклучил високонапонскиот кабел од разводната кутија, со подесен предмет го пресекол кабелот, а потоа одзел бакарни делови од трансформатор. Од хангар и работилници, сега притворениот одземал бормашини, брусалици, апарат за заварување и лимарски алат, плински боци, ножици за сечење кабел, рачен кран со кука и синџири, калорифер и телевизор, 44 метални ролни од подвижна лента, повеќе акумулатори, алуминиумски лим, околу 500 килограми бакарна жица, алат и електрични машини, светилки,пригушници,штекери, над 300 метри високонапонски и нисконапонски електричен кабел, метални боци за водород, буриња со машинско масло и други предмети. Од магацин сопственост на АД Факом Скопје, кој се наоѓа во РЕК-Осломеј, пријавениот одзел апарати за заварување и повеќе кабли.

Од отпад за старо железо во Кичево, каде насилно влегол одземал повеќе работни алати, акумулатори како и бакар месинг предмети. Од товарни возила оставени на регионалните патишта во околината, одзел околу 1000 литри гориво.

Со сторените кривични дела, сега притворениот Ш.Р. се стекнал со противправна имотна корист од околу 400.000 денари.

PritvorenKicevcanec