Приматот на фудбалскиот куп „Coca-Cola“ повторно за учениците од ОУТУ „Ванчо Питошески“.
На теренот на вештачка трева во СРЦ „Билјанини извори“, се оджра четвртиот по ред фудбалски куп „Coca-Cola“ на АД „Пивара“ – Скопје , Coca-Cola и Отворени забавни фудбалски школи.
Во полуфиналето учениците од ОУТУ „Ванчо Питошески“, се сретнаа со екипата од Гимназија и беа подобри со резултат 7:3, додека во борбата за првото место играа против мешана екипа од средните училишта и со резлутат од 5:0 го освоија првото место на турнирот, со што станаа неприкосновена екипа на турнирите во фудбал. Треба да се спомене дека на натпреварите во составот на екипите имаше и девојчиња.
Инаку, учесниците се на возраст од 12 до 16 години, ученици во основните и средни училишта од општината Охрид. Турнирот завршува со полуфиналните и финалните натпревари кои ќе се одиграат на 30 мај во Градскиот парк во Скопје.