Семинар за родова обука за офицери и подофицери

Денес во касарната „Чеде Филипоски Даме“ во Кичево, во организација на Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија за прв пат се реализира родова обука со офицерскиот и подофицерскиот кор. Вкупно беа обучени 85 припадници.

Фокусот на семинарот за родовата обука за офицерите и подофицерите беше на Родови поими и дефиниции, Меѓународните правни рамки за имплементација на Резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите Нации 1325 за жените, мирот и безбедноста, Националниот акционен план на Република Македонија за имплементација на Резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите Нации 1325 за жените, мирот и безбедноста, практичната примена на родовaта перспектива во процесот на планирање на операциите, родовата перспектива во воените операции и важноста на лидерството за интеграција и имплементација на родовата перспектива на сите нивоа во Министерството за одбрана на Република Македонија и Армијата на Република Македонија.

Целта на семинарот е персоналот од касарната „Чеде Филипоски Даме“ да ги согледа можностите и начините на интеграција и имплементација на родовата перспектива на сите нивоа во нивната средина.

Родовата обука беше изведена од страна на родовите инструктори потполковник Страшо Стојчевски од Министерството за одбрана на Република Македонија и поручник Жарко Блажевски од Армијата на Република Македонија сертифицирани од страна на Нордискиот центар за родот во воените операции со подршка на UNDP SEESAC.

DSCN4465_resize DSCN4482_resize DSCN4490_resize